Сега ќе можат да си крадат колку им душа сака! Биро за јавни набавки ја ограничи транспарентноста, нема речиси НИКАКВИ ПОДАТОЦИ за тоа како се трошат народните пари!

t

Сега ќе можат да си џапаат колку сакаат…

Бирото за јавни набавки, односно системот ЕСЈН, ја ограичи транспарентноста. Веќе граѓаните и медиумите нема да имаат слободен пристап до информациите за јавните набавки, пари кои се трошат од БУЏЕТОТ на државата и на општините, односно пари на сите нас кои живееме во Македонија.

До скоро во системот за јавни набавки имаше информации за тековни огласи и склучени договори, каде имаше податоци за вредноста на договорот, спецификациите и комплетната тендерска документација. Во моментов како информација стојат само договорниот орган и компанијата која го добила тендерот, не стои дури ниту ни сумата.

Ваквиот потег на Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии е потег кој практично им овозможува на сите учесици во процесот да крадат колку што им душа сака бидејќи речиси никој нема да ги мониторира.

И оправдувањата кои ќе следуваат од типот дека податоците се достапни за надлежните органи и органите на прогонот, се неиздржани, затоа што ОЈО ниту било кој друг орган нема инту време, ниту капацитет да бара информации за секоја јавна набавка во државава одделно, па да чека одговор од институциите и слично.

Инаку Инфомакс претходно откри големи скандали користејќи го токму сајтот на јавни набавки. Објавивме серијал на текстови за сомнителни тендери низ општините во Македонија, набавки на багери и тракторчиња по суми десет пати поголеми од пазарната цена, скандалозни тендери кои ги добил Нефи Усеини и Стентон Градба во Охрид и Битола…

Јавноста би требало остро да реагира на ваквата неоснована одлука на ЕСЈН која овозможува пустош во државава и неконтролирано трошење на народните пари!

Во продолжение само дел од текстовите во кои имаше податоци од Јавни набавки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сега ќе можат да си крадат колку…

Сега ќе можат да си џапаат колку…

На „Табановце“ зголемена фреквенција на возила и…

На граничниот премин Табановце за излез и…

Татко и двајца синови обвинети за намерно…

Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од…

Татко и два сина осомничени за намерно…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Четиримесечно бебе почина во Струга – ОЈО…

Четиримесечно бебе од струшко без знаци на…