Мицкоски: Бугари во Устав се најмал проблем

t

За Мицкоски е поважно што, како што вели, Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, кои се вистинските намери на водството во Софија, а не се проблем Бугарите во Устав.

-Не се намерите Бугари во Устав, тоа е најмал проблем. Многу поголема е потребата да покажат мускули и да ги покажат вистинските намери. Ние секогаш сме подготвени да возвратиме со добрина на добрососедските односи…Оттаму денеска ќе биде врашен демаршот на амбасадорот на нашиот источен сосед, кажа премиерот пред средбата со Македонско-Германското стопанско здружение.

Според Мицкоски претседателката и министрите кои беа во Софија не реагирале на изоставањето на македонското знаме поради трагедијата која се случи во Бугарија тој ден.

-Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано – во интерес на почитта кон загубените животи на пилотите кои што тој ден загинаа во Бугарија и не сакавме да создаваме тензија. Порано се молчеше и не ни пречеше и тоа беше европска вредноста, а сега зошто реагираме? Затоа ќе реагираме, можеби и секогаш кога ќе биде помината црвената линија. Немаме намера да ја виткаме кичмата на македонското општество, рече Мицкоски запрашан од новинарите зошто двајцата министри Љутков и Муцунски, заедно со претседателката Сиљановска Давкова не реагирале поради пропустот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…