Трагедија во Неапол: Две деца загинаа, а шест се под урнатини при уривање на зграда по експлозија на гас

t

Две деца, на возраст од 4 и 6 години, трагично загинаа по уривањето на зграда во Неапол, што најверојатно е предизвикано од експлозија на гас во еден од становите. Под урнатините останале уште шест лица, а на местото на несреќата се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи.

Уривањето се случило нешто по 8 часот утрово, а експлозијата се претпоставува дека била резултат на проблем со плинска боца во станот на вториот кат, каде живеела бабата на децата. Во моментот на трагедијата, во зградата имало повеќе лица, вклучувајќи семејство со три деца.

Полицијата и пожарникарите брзо реагирале и започнале со расчистување на урнатините во потрага по преживеани. По околу еден час од експлозијата, биле извлечени таткото и двегодишно дете во тешка состојба и пренесени во болница. Подоцна, спасувачите го пронашле телото на четиригодишното девојче, а потоа и телото на нејзиниот двегодишен брат. Се уште се трага по мајката и бабата, кои живееле на вториот кат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…

„Ви укажавме кои се, а не сте…

Ние тука родителите не сме правници, соопштението…

(Фото) Уште хермелини да донесеа – Запленети…

Запленети возила повторно се паркирани пред полициската…