Во Будимпешта на 8 октомври ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит
Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска на 8 октомври патува за Будимпешта каде ќе го потпише договорот за унгарскиот кредит во висина од 500 милиони евра.
– На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта. Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки – изјави Димитриевска-Кочовска во изјава за медиумите во Штип.
Заемот од Унгарија, Мицкоски го договори со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашингтон. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата.
Законот за унгарскиот кредит на 17 септември беше донесен во Собранието.
Половина од парите од кредитот ќе одат за бизнис секторот, а половина за проектите за општините.
На јавниот повик што го распиша Министерството за локална самоуправа пристигнати се 357 апликации од 80 општини.
– Нашите очекувања во целост се исполнија. Во оваа прва фаза општините ќе ги поддржиме со близу 100 милиони евра, а веќе од следната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра за кога е планиран и нов повик. Сега се на ред ресорните министерства. Во рок од 10 дена целосната проектна документација од страна на општината треба да се достави до ресорното министерство од областа на проектот, кое ќе врши евалуација на проектот. Се очекува евалуацијата да заврши во рок не подолг од 10 дена по што ресорните министерства треба да изготват предлог-одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и да ја достават на усвојување на владина седница – истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински на прес-конференција во Владата.
Во јавноста имаше многу шпекулации дали тие пари Кина ѝ ги позајмила на Унгарија. Орбан за време на посетата на Охрид демантираше дека парите се од Кина, објаснувајќи дека парите што Унгарија ги добива од Кина се наменети само за проекти во земјата, додека парите што ги добива Македонија се европски пари.
– Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски пари можеме и ќе ви ги даваме – рече Орбан во одговор на новинарското прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Будимпешта на 8 октомври ќе биде…
Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска на 8…
Сијарто: Будимпешта сака да ги зајакне економските…
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…
Ина Многуфина: “Албанија е запад за нас”…
"Албанија е запад за нас" не е…
Граѓаните им должат на банките речиси четири…
Вкупниот долг на македонските граѓани кон банките…
Силен земјотрес утринава ги стресе скопјани
Земјотрес со јачина до 3.8 степени според…