Некој би рекол лицемерие… Во 2022 ја иссвиркаа, сега како Власт ја пречекаа со највисоки почести
Во 2022 година пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив актуелни министри, свиреа во знак на протест кога претседателката на Европската комисија дојде во македонското Собрание. Денес истите тие ја пречекаа Урсула Фон дер Лајен со највисоки државни почести.

Денеска Фон дер Лајен повика на уставни измени.
Цел на Европската Унија е што поскоро да се отвори првиот преговарачки кастер со Македонија. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен од Скопје порача дека за тоа да се случи треба да се исполнат обврските, односно да се работи на процесот на уставни измени.
„Скоро сме таму, знаеме дека тука се уставните измени кои вашата држава се обврза да ги имплементира и како што рековте, сега ни треба заеднички напор, соработка и дијалог – се надевам дека сите политички сили во земјата ќе се обединат да се преземе одлучен чекор напред и уверена сум како и вие дека можат да се надминат пречките кои се уште постојат“, вели Урсула фон дер Лајен.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека патот кон Унијата треба да продолжи, но без барања кои се во спротивност со европските вредности.
„Очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓање на начини како да го продолжиме нашиот европски интегративен пат“, вели Христијан Мицкоски.
Ниту Фон дер Лaјен, ниту Мицкоски не одговорија конкретно дали има поддршка за идејата за уставни измени со одложена примена. Односно, Уставот да се смени сега, но измените да важат кога земјава ќе ги заврши преговорите.
„Многу беше јасна и прецизна претседателката во прес-конференцијата – потребно е да работиме, потребно е да работиме напорно за да дојдеме до целта“, порача Христијан Мицкоски.
„За мене е важно да не гледаме премногу во минатото, туку да гледаме кон иднината“, вели Урсула фон дер Лајен.
Претседателката на Европската Комисија истакна дека проширувањето со земјите од регионот останува врвен приоритет на Унијата и во наредните пет години. Таа е во посета на земјите од Западен Балкан, поради Планот за раст и реформската агенда. На Македонија од овој План и следуваат 750 милиони евра, ако државата спроведува реформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…