Синот на норвешката принцеза уапсен поради силување
Норвешката полиција објави дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен под сомнение за силување.
Во полициското соопштение се наведува дека Мариус Борг Хојби, кој бил роден од врската пред Мете-Марит да се омажи за престолонаследникот Хакон во 2001 година, бил уапсен во понеделникот вечерта.
Тој е осомничен дека го прекршил кривичниот закон кој се однесува на „обљуба со лице кое е во несвест или од други причини и не може да даде отпор“, се наведува во соопштението.
„Она што полицијата може да го каже за силувањето е дека тоа е сексуален чин без сексуален однос. Жртвата, како што се тврди, не можела да се спротивстави“, додаваат од полицијата, пишува Дејли мејл.
Борг Хојби првично беше приведен на 4 август по ноќна расправија во станот на една жена во Осло, со која бил во врска. Потоа беше обвинет за нанесување телесни повреди. Полицијата потоа пронашла заглавен нож во ѕидот во спалната соба на жената.
Во септември тој повторно беше уапсен поради прекршување на забраната за задржување. Кога бил уапсен во понеделникот, бил во автомобил со наводната жртва од инцидентот во август.
Полицијата соопшти дека сомнежите за августовскиот инцидент сега се проширени и на семејно насилство. Се уште не е одлучено дали Борг Хојби ќе биде приведен.
Роден е во 1997 година од врска пред Мете-Марит да се омажи за престолонаследникот Хакон, идниот крал на Норвешка. Тој и неговите полубраќа и сестри – принцезата Ингрид Александра (20) и принцот Свере Магнус (18) – пораснаа заедно. За разлика од нив, Мариус нема официјална јавна улога, пренесува медиумот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синот на норвешката принцеза уапсен поради силување
Норвешката полиција објави дека 27-годишниот син на…
И Стојанче Ангелов во комбинација за ,,Маж…
Македонија по седми пат ќе избира ,,Маж…
Руте: Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје…
Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје за…
,,Не сум го украл ехо-апаратот, тој е…
Шокантно и погубно за мојата репутација е…
Сијарто: Следните два месеци ќе бидат најопасните…
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…