Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на противење и единство на Албанците од цел Балкан
Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Албанците се конститутивен народ во С. Македонија, „со решавачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата“.
Во своето годишно обраќање во Собранието на Косово, Османи порача дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во С. Македонија, „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“.
Косовската претседателка порача дека ќе се преземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор.
– Гледаме многу загриженост кај Албанците во С. Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор и сакам да ги уверам сите дека ќе дадеме сé од себе за да не се направи чекор назад, туку само чекори напред. Албанците се конститутивен народ во С. Македонија со одлучувачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата, затоа секој обид за поткопување на нивните права ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан – рече Османи.
Таа истакна дека е неопходна континуирана координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сé за заштита на правата на Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Османи: Секое загрозување на правата на Албанците…
Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека…