Кривична пријава за 83-годишниот стружанец кој со пушка го уби кучето на соседот

t

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83) од струшкото село Мислешево, кој минатиот месец го уби загарот на неговиот сосед. Тој ќе одговара за предизвикување општа опасност.

„На 02.11.2024, тој со ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на Д.П. од истото село и го усмртил“, велат од полицијата.

За кривичното дело за кое е осомничен пензионерот од Мислешево, предвидена е казна затвор од шест месеци до пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…

Јасин Мустафа, дете од година и пол,…

Приведен 72-годишник: Со пушка убил куче среде…

На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш,…

АХВ тврди: Не е волк, се работи…

Откако во јавноста се појавија информации дека…

Караман официјално признаен како автентична македонска раса!

Македонската кинологија доби нов повод за гордост…

Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка…

Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко,…