Мицкоски и Филипче со честитки по повод државниот празник Свети Климент Охридски

t

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозицискиот СДСМ Венко Филипче упатија честитки по повод празникот Свети Климент Охридски. Премиерот пишува дека ликот и делото „на нашиот голем народен светител и просветител се силно врежани во македонската историја“ и дека „на овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело“.

-Св. Климент Охридски го упати народот во верата и го издигна на образовно, морално и духовно поле.
Св. Климент Охридски е основоположникот на Македонска православна црква и на нашата писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на многу луѓе кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со силна вера, дисциплина и посветеност, ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов – вели Мицкоски.

Во честитката тој порачува дека денес „кога се соочуваме со бројни предизвици, потребно е да го следиме неговото дело кога со сплотеност и единство ги надминуваше и најсилните пречки“.

-Свети Климент стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идното време. Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски, напиша Мицкоски во честитката.

Филипче во честитика порача „да биде честит и вековит денешниот празник посветен на Свети Климент Охридски, патрон на македонската култура и меѓу најзначајните личности за македонската писменост“. 

Во честитката Фикипче напиша дека „просветителското дело на Свети Климент Охридски на македонско тло, вербата и истрајноста со коишто тој ја ширел словенската писменост, се наш аманет и патоказ дека сè е можно и дека за сè постои начин, ако се умее и ако се сака“.

-Огромно е значењето на Климент Охридски во создавањето на првото словенско писмо. Во времиња на прогонства и осуди, успева да го основа и првиот своевиден балкански и европски универзитет, Охридската книжевна школа, речиси два века пред првите официјални универзитети во Европа.Токму поради мисијата со којашто духовно и културно ги обединува народите во Европа, зазема посебно место и во европскиот цивилизациски развој. Да се има ваква личност во македонската историја е чест и обврска. Ние ја продолживме Светиклиментовата мисија и денес македонскиот јазик е на рамноправно рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ, во НАТО и во ОН. Но, секое време има потреба од идејност и решителност и правецот за сите се прогресот и заедништвото – пишува во честитиката на Филипче.

Во партиското соопштение се наведува дека претседателот на СДСМ по повод денешиот празник упатил честитка и до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, „чиј патрон е Свети Климент Охридски, како прв словенски епископ на просторите на Југоисточна Европа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…