Ако е правда, нека е за сите: Ќе одговараат ли Мицкоски и Владата исто како Груби и Ковачевски?
Владата носи колективна одлука, одлуките не се индивидуални, истакна денеска во одговор на пратеничко прашање министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
– „На Влада, исто така, сум била гласна. Гласно сум го кажала мојот став секаде. Но, одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец.“ Ова го кажа денеска од собраниската говорница министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на прашање на пратеникот СДСМ, Јован Митрески околу мерките за цените на прехранбените производи.
Министерката и претходно истакна дека имало ситуации кога не се согласувала со Владата, но одлуката ја носи колективот, а не индивидуата.
На страна мерките на Владата за прехранбените производи, да посветиме внимание на делот дека Владата носи колективна, а не индивидуална одлука.
МВР претходно поднесе кривична пријава за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, за „злоупотреба на службената положба и овластување“,„примање поткуп“ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство.
– А.Г., како прв заменик на претседателот на Владата, ја водел седницата и ја ставил на дневен ред и ги усвоил информациите без прибавено мислење од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство, иако тоа било задолжително според член 68 став 1 точки 1 и 9 од Деловодникот за работа на Владата. – стои во кривичната пријава.
Да сумираме, Ковачевски го теретат бидејќи ставил на дневен ред на Владата конкретен предлог за донесување на одлука, додека Груби бидејќи имал позитивно мислење за одлуката.
Првото прашање кое се наметнува по изјавата на министерката за финансии е како од целата Влада која носела одлука, само двајца членови на Владата имаат кривична пријава, иако одлуката, како што нагласи Кочоска, е колективна одлука, не индивидуална, иако секој може да си има индивидуален став. Дали Владата ќе одговара за државниот интервенционизам во економијата која ги оштетува трговците и го намалува нивниот профит, што може да предизвика далекусежни последици, особено по помали маркети и бизниси кои немаат огромен капитал, ниту којзнае каков профит. Владата наместо да субвенционира намалување на производите, причинува штета и практично трговците плаќаат кампања на Владата бидејќи на сите производи со намалени цени трговците се обврзани да залепат налепница дека намалените цени се благодарение на мерките на Владата. Тоа што можеби некој бизнис ќе пропадне или некој ќе остане без работа веројатно нема да носи налепница „мерки на Владата на Северна“…
Второто прашање е, дали Обвинителството сега ќе влезе и во Владата на РМ и ќе бара одговорност од премиерот и министрите што ставиле, или не ставиле на дневен ред определени точки, или ќе го преиспитува нивното позитивно мислење, на пример за цените на прехранбените производи бидејќи понудата пристигнала од „приватниот сектор“.
– „Јас мојот став го кажав. Сега имаше корекција и беше во насока на тоа дека понудата стигна од приватниот сектор. Кога стигнува понуда од приватниот сектор и компаниите е сосема друга работа од она што се наметнуваше како обврска и наредба од страна на Владата. Значи дека сепак до некаде она што сум го кажала на Влада било прифатено и било комплетно променет моделот. Од тој аспект не можете да кажувате ништо и да вперувате прст во мене, затоа што сум секогаш гласна. На Влада, исто така, сум била гласна. Гласно сум го кажала мојот став секаде. Но одлуката е на Владата како колективно тело а не поединец.“ објасни Кочоска.
Значи Владата го променила моделот на барање на приватниот сектор и никој не прашува зошто, ниту МВР поднесува кривична пријава, ниту Јавното обвинителство проверува зошто барањата на приватниот сектор тежат пвеќе од барањата на граѓаните и дали можеби таму има некаков друг интерес.
Некој може да пренесува и гласа барања на приватен сектор, некој не може. Нели ако е правда, треба да биде правда за сите?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…