Објавено на:

Дамфрис: Ова беше голема победа, мора вака да продолжиме!

t

Интер излезе како победник од соочувањето со Аталанта во рамките на полуфиналната рунда во Супер Купот на Италија.

Актуелниот италијански шампион и тим кој го брани трофејот во ова натпреварување славеше со 2-0 во средбата во која човек оа одлука беше холандскиот репрезентативец, Дензел Дамфрис.

Дамфрис ги постигна двата гола за „нероаѕурите“ во второто полувреме, два атрактивни погодоци со кои го однесе својот тим во финалето каде за ривал ќе го има подобриот од пресметката Милан-Јувентус.

-Многу сум среќен со вечерашнава победа, ова беше добар настап, го контролиравме и првото полувреме и среќен сум што помогнав со два гола. Ова беше голема победа. Играме добро, но мора да се фокусираме на тоа да го правиме подобро секој натпревар. Ние сме на добра форма и мора вака да продолжиме, -истака Дензел за „Спорт Медијасет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиена пензионерка во Ѓорче Петров

Во скопската населба Ѓорче Петров утринава била…

Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот…

Просечната откупна цена на тутунот од годинешната…

Излезноста во Израел достигна 16,7 отсто до…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…

(Видео) Торнадо во Анталија усмрти четворица градежни…

Најмалку четворица градежни работници загинаа, а петтиот…