Дачиќ објави детали: Возачот кој се обиде да прегази студентка во Белград се седум пати осудуван

t

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ соопшти дека осомничениот за газење студентка во улицата Рузвелтова е пронајден во рок од 15 минути од извршувањето на делото и дека се работи за лице кое претходно седум пати било осудувано за разни кривични дела.

Дачиќ рече дека во рок од 10 минути полицијата го пронашла возилото кое удрило и соборило девојчето на улицата Рузвелтова. Возачот се оддалечил од местото на настанот во правец на Богословијата. Пет минути потоа, а 15 минути по настанот, полицијата го пронашла возачот на „фордот“ и уште две лица кои биле во возилото со него, од кои едното малолетно, се вели во соопштението на Дачиќ.

Се додава дека осомничениот и претходно бил евидентиран како сторител на разни кривични дела и дека седум пати бил осудуван.

Министерството за внатрешни работи ги повика сите да го почитуваат Законот за јавен собир и Законот за безбедност во сообраќајот.

Студентката која беше удрена со автомобил заврши во Ургентниот центар со тешки повреди. Според Клиничкиот центар таа е свесна и во стабилна општа здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…

Турски државјанин на возраст од 25 години…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…

Утрово во центарот на Белград е убиен…

(Видео) Отворањето на градилиште за луксузното одморалиште…

Компанија поврзана со Иванка Трамп и со…

Тешка несреќа во Белград: Трамвај се заби…

Во белградската населба Дорќол утрово се случи…