Пешевски: Подготвени сме за мечот со Холандија

t

Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски изјави дека Македонија ќе прикаже уште подобра игра со Холандија, пред огромен број на наши фанови во овој хрватски град.

„Максимално сме фокусираме на Холандија, мечот против Унгарија го оставаме зад себе. Максимално сме мотивирани, би било жалосно да не сме, кога имаме поддршка од толкав број на навивачи, најавите се дека ќе дојдат уште повеќе. Ќе излеземе на терен со ладни глави, максимално мотивирани и верувам дека ќе стигнеме до добар резултат. Холандија е анализирана од претходно. Играат поинаков ракомет, може да се каже дека многу се побрзи, имаат одлични индивидуалци, ќе биде сосема различен натпревар. Ние сме подготвени, имаме свои шанси против нив“, изјави Пешевски.

Овие две селекции се сретнаа и на последниот Мундијал во Краков, каде Холандија полесно од очекувањата славеше со 34-24.

„Во Краков беше една друга репрезентација, многу од овие играчи што се тука, тогаш беа на своите почетоци, сега сме поискусна репрезентација. Го паметиме тој дуел и поразот, но верувам дека утрешниот меч ќе биде сосема поинаков. Ќе решаваат нијанси, тој што ќе направи помалку грешки ќе го добие мечот“, вели пивотот на македонскиот национален тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија во пристаништето во Ротердам: едно лице…

Едно лице загина, а неколку други се…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…