РФМ: Македонија треба да биде горда бидејќи има светла ракометна иднина
Нашето мундијалско патување заврши, со насмевки и исполнети срца го напуштивме Вараждин. Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина, порачуваат од Ракометната федерација на Македонија.
-Машката ракометна репрезентација на Македонија во конкуренција на 32 селекции го освои 15. место на Светското првенство. Шампионатот го заврши со две победи (Катар и Гвинеја), две ремија (Унгарија и Австрија) и два порази (Холандија и Франција). Честитки до ракометарите и до стручниот штаб за одличните игри против силните противници. Видовме борбена и храбра игра. Нашите момци покажаа како треба да се игра за националниот дрес, велат од РФМ.
Македонската репрезентација доби нов лик, новата генерација изгради сопствен идентитет.
-Процесот на смена на генерацијата не беше лесен, но трпеливо чекоревме кон градење на цврсти темели за нови успеси во спортот број еден во Македонија. Голема благодарност до сите кои дел од оваа мундијалска приказна, секоја ваша поддршка беше мотив плус на теренот. Само сплотени можеме да придонесеме за подобро утре. Секогаш со срце за Македонија!,велат од РФМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…