Поранешен европски шампион во бокс ранет во Белград
Во престрелка што се случила рано утрово во угостителски објект во Белград, ранети се двајца мажи од кои едниот е германскиот боксер Марио Дасер. Дасер има 37 години и е поранешен германски професионален боксер кој ја освоил европската WBO титула во крузер категорија во 2017 година.
Тој бил донесен во Ургентниот центар во Белград околу 04:00 часот со две прострелни рани во потколеницата. Како што пренесуваат српските медиуми, бил ранет во ресторан, а потврдено е дека имало двајца напаѓачи.
Кога станува збор за неговата спортска кариера, Дасер имал 13 борби од 2009 до 2017 година и ги добил сите. Шест од победите биле со нокаут.
Пред три години се зборувало за негово враќање во рингот, но Дасер веќе јасно ја променил кариерата и се преселил во индустријата за изградба на монтажни куќи. Исто така, медиумите во Германија пишуваа за него дека е милионер.
Српската полиција ги истражува можните мотиви за претстрелката.
-Две лица се ранети утрово во престрелка што се случила нешто по три часот во ресторан на улицата „Кнез Данилова“ во Палилула, соопштиле од српското МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Брутално убиено момче во Белград, убиецот има…
Белградската полиција синоќа ги уапси Н. Б.…
Москва со суптилно предупредување: Веруваме дека Белград…
Ја забележавме изјавата на српскиот претседател Александар…
Белград доби нов трамвај, ќе пристигнат уште…
Првиот од 25 нови трамвај од турскиот…
(ВИДЕО)Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици…
Ветер, град и обилни дождови во Белград.…