Изгореле коли и мотори во двор во Стајковци, огнот се проширил и на куќата и кај соседите
Вчера рано утрото во скопското село Стајковци изгореле два автомобила и три мотори во импровизирана гаража во двор од куќа, а пожарот потоа се проширил и на куќата и на автомобилот на соседот, соопшти МВР.
„На 10.03.2025 во 07:40 часот во СВР Скопје, Д.С.(71) од с.Стајковци, општина Гази Баба, пријавил дека околу 06.30 часот во импровизирнаа гаража во дворот од неговата семејна куќа биле опожарени паркирани патнички возила „шевролет спарк“ и „тојота“ и мотоцикли „хонда“, „сузуки“ и „баотиан“, сите со скопски регистарски ознаки, во негова и сопственост на неговиот син З.С.(50) од с.Стајковци. Од пожарот била зафатена и фасадата на неговата куќа, како и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на соседот С.Н.(20) од с.Стајковци. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како Наполеон Бонапарта му даде име на…
Не ми е и мене лесно. Понекогаш…
Граѓани нудат куќи и имот како гаранција…
Граѓани од различни делови на земјава преку…
Муцунски не разговарал за положување цвеќе пред…
Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски,…
Тошковски нареди внатрешна контрола за случајот со…
По објавите во дел од медиумите дека…
Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје,…
Пристигна првата испорака – 3.300 нови контејнери…