Европскиот парламент загрижен поради притисокот врз судството од Владата на Мицкоски
Интерпелацијата на членовите на Судскиот совет е загрижувачки знак за политичко мешање во судството, реагира Томас Вајц, известувачот за Македонија за Европскиот Парламент.
– „Овој повик од владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем е од клучно значење за владеењето на правото и поделбата на власта, кои се фундаментални вредности за патот на Северна Македонија кон ЕУ“, реагира Вајц.
Претходно во Собранието беше изгласана интерпелација на членовите на Судскиот совет, по што власта апелираше членовите да ги напуштат функциите кои ги имаат.
Мицкоски и денеска во гостување во Канал 5 Телевизија истакна дека доколку членовите на Судскиот совет не си дадат оставка ќе им се случи народ, а тој ќе го предводи народот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…