„Малку е да се каже дека Македонија стана дувло на нечесни, несовесни, криминогени суштества“: академик Кулавкова по трагедијата во Кочани
Трагедијата во Кочани која ја потресе цела земја, поттикна голем број сограѓани да објавуваат сочуство до семејствата на загинатите на социјалните мрежи.
Поради големата трагедија која се случи, се огласи и професорката и академик Катица Кулавкова со потресен пост. Нејзината објава ја пренесуваме во целост:
ПИСКОТНИЦИ СЕ СЛУШААТ ОД КОЧАНИ ДО НЕБОТО!
Малку е да се каже трагедија за ова што ноќеска се случи во Кочани, во шупата наречена диско;
Малку е да се каже дека им се случил пекол наместо живот на 70 (?) убави млади луѓе;
Малку е да се каже дека стотици семејства се уништени;
Малку е да се каже дека ни во војна не гинат толку бесмислено и толку одеднаш, толку невини;
Малку е да се каже дека Македонија е опасно место за живеење;
Малку е да се каже дека Македонија стана дувло на нечесни, несовесни, криминогени суштества;
Малку е да се каже дека Македонија е проколната, инаку како да се сфати тоа што со невидена мрачна „леснотија“ гинат Македонците, во пожар и по патиштата, од загаден воздух и лоша храна;
Малку е да се каже дека ништо не е случајно, ништо не е без причина;
Малку е да се каже дека останавме сите без збор!
Туку бар некаква поука да извлечеме за отсега па натаму: поважен е животот на луѓето од било какви политички илузии за интеграција, од било какви ефемерни интереси на среброљупците и властољупците…
Не, нема збор за утеха, само го молам Бога и ги молам луѓето да спасат што може да се спаси и да помогнеме сите со она што можеме да помогнеме!
И да не се повтори! Никому, никогаш!
ДЛАБОКО СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ И НАСТРАДАНИТЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…