Млади возачи од Македонија рушат рекорди во „лудачко“ возење низ Австрија

t

За време на голема полициска акција на средината на месецов, германската полиција фатила двајца млади возачи по потекло од Македонија, кои возеле со рекордни брзини по патиштата, по што им се одземени автомобилите и возачките дозволи, пишуваат австриските медиуми.

Се работи за возачи од областа Линц-Ланд, кои возеле 84 и 121 километри на час побрзо од дозволеното.

Сообраќајната полиција извршила ласерски мерења во областа на „Салцбургерштрасе“ во Линц, а како што пишуваат медиумите, веројатно и органите на редот останале зачудени, бидејќи радарот покажал дека 20-годишниот возач од Северна Македонија во „Мерцедес Ц-250“ возел 154 км/ч наместо дозволените 70 км/ч.

Тажниот рекорд го соборил друг 21-годишен возач со потекло од Македонија, кој итал со 191 километри на час со своето „БМВ 530Д“ – неверојатни 121 километри на час побрзо од дозволеното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…