ОЈО Куманово оформува предмет хаваријата во Булмак и загадувањето во Крива Река

t

Основното јавно обвинителство во Куманово денеска објави дека е оформен предмет во врска со ситуацијата на Крива Река и тврдењата на општината за загадување по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството нагласуваат дека до овој момент не е пристигната официјална пријава од општината.

„Досега, кривична пријава од општината Крива Паланка не е поднесена, но обвинителството веќе презема мерки. Оформен е предмет, а ОЈО ги повика инспекторите за животна средина, кои извршија контрола. Тие доставија извештај од своето постапување до обвинителството. ОЈО продолжува со преземање на други дејствија, вклучително и издавање наредби и вештачења“, информираа од ОЈО Куманово за МИА.

Во меѓувреме, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска презентираше нови анализи кои укажуваат на сериозно загадување на водата во реката. Вчера, менаџментот на компанијата „Булмак 2016“ негираше дека техничкиот проблем во рудникот Тораница довел до загадување на Крива Река.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

„Ви укажавме кои се, а не сте…

Ние тука родителите не сме правници, соопштението…

Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…

Јавен повик од семејствата на загинатите во…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

ОЈО не се откажува од гонење на…

Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…