Тројца Чеси уапсени во Мариово, полицијата им нашла стари монети
Тројца Чеси, на возраст од 26 до 53 години, вчера се уапсени во Мариово откако биле забележани на полициска камера, соопшти МВР. Тие престојувале во изнајмен стан во Прилеп, кој полицијата го претресла и пронашла метална кутија со стари монети.
„На 03.04.2025 при контрола на видео надзорен систем на теренот на ПС за ГН Старавина, на местото викано „Брест“ било забележано моторно возило „дачија дастер“ со странски регистерски таблички. По извршени проверки, во 19 часот, во близина на село Подмол, полициски службеници го пронашле возилото и при извршена контрола констатирано е дека во него биле J.M.(26), Ф.К. (53) и M.H. (47), сите од Р.Чешка, а сместени во закупен стан во Прилеп. Тие се лишени од слобода и спроведени во ОВР Прилеп“, пишува во полициското соопштение.
„По наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО Прилеп, извршен е претрес во домот каде што престојувале трите лица, при што е пронајдена метална кутија во која имало 20 стари монети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…