Со професорска плата Мицкоски и сопругата донирале милион и 150 илјади за партијата
Во земја каде што просечниот граѓанин живее од плата до плата, со трошоци кои растат побрзо од надежта, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски и неговото семејство демонстрираат финансиска „патриотска великодушност“ каква што ретко се гледа. Само во 2021 година, Мицкоски, неговата сопруга Роза и неговиот баџанак Јорданчо Јанев – познат и по своите фирми во Бугарија – донирале вкупно 28.000 евра за партијата ДПМНЕ, пишува Антропол.
Со други зборови, семејството Мицкоски не само што верува во „Македонија повторно горда“, туку и плаќа – ама не со лична одговорност, туку со кеш, и тоа сомнителен.
Прашањето што се наметнува: Како со професорска плата се штедат 10.000 евра за донации? И како тоа баџанакот, кој има компании во Бугарија, одеднаш се појавува како дарежлив донатор на македонска политичка партија? Од каде му тие пари, и што се крие зад „донацијата“?
Овде не станува збор за поддршка, туку за политичко перење пари, за сомнителна врска помеѓу партија, семејство и надворешен капитал – потенцијално и од странски извори, како што сугерираат поврзаностите со бугарските фирми. Ако Заевите беа критикувани за свои деловни врски, тогаш Мицкоски и фамилијата се новото издание на истата приказна – само со друг слоган и исти криминални шеми.
Колку донациите се патриотизам, а колку се испран бугарски капитал? Колку политиката е „народна“, а колку фамилијарен бизнис план? Одговорите треба да ги дадат институциите – ако не беа глуви кога станува збор за Мицкоски и неговите луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…