Возач удрил маж со тротинет и избегал
Денеска (19.04.2025) во 11.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. “Менделеева” во Скопје, во која учествувале патничко возило “фиат” со скопски регистарски таблици, управувано од С.А. (33)од Скопје и електричен тротинет, управуван од С.К. (28) од Скопје.
По несреќата, С.А. со возилото го напуштил местото на настанот, а С.К. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ “Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Додека траел увидот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на местото на настанот дошол А.А. со возилото “фиат” и појаснил дека возилото во моментот на несреќата го управувал неговиот брат С.А..
Подоцна С.А. е пронајден, известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено за технички преглед, а против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…