Македонците масовно патуваат за 1 мај – најмасовна Богородица

t

Денот на трудот повторно ги наполни граничните премини, откако голем број граѓани одлучија празникот да го поминат надвор од државата. Како и во изминатите години, најголема фреквенција се бележи на премините кон Грција, а граничниот премин Богородица останува најоптоварената точка.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, само за 24 часа, од десет часот вчера па до истиот период денес преку Богородица државата ја напуштиле над 17.000 патници од кои близу 4.000 се македонски државјани.

И покрај значително зголемената фреквенција, од МВР информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за непречен и безбеден проток на патници и возила.

-Отворени се девет ленти за излез од државата, од кои шест за автомобили, две за автобуси и една за товарни возила и пет ленти за влез во државата, од кои три за автомобили, една за автобуси и една за товарни возила. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки, изјави Гоце Андреевски, МВР.

Зголемена фреквенција на возила и патници се бележи и на граничниот премин Дојран, каде претпладнево беа регистрирани колони возила во обид да преминат кон Грција.

Покрај популарните туристички локации кај јужниот сосед, полни се и домашните капацитети. Во Дојран, според локалните власти, сите сместувачки капацитети биле резервирани уште од пред неколку дена.

Според проценките зголемена посета на туристичките места во и надвор од државата се очекува и за време на претстојниот викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва тврди дека погодила трговски брод во…

Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…

Силно невреме во Италија, жена загина во…

Невремето што од вчера ја погодува Италија…

Врнежи, ветер и заладување за време на…

Под влијание на циклонска активност за време…

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…