Многу се покажаа па удрија на национализам – ВРЕДИ: 2. мај историски датум, прогласена Слободна зона во Слупчане по конфликтот во 2001
Секоја година, на 2 мај, жителите на селото Слупчане и пошироко го одбележуваат еден од најважните датуми во поновата историја, денот кога е прогласен за слободна зона по вооружениот конфликт од 2001 година. Овој датум претставува не само крај на еден тежок период за граѓаните, туку и почеток на ново поглавје, исполнето со надеж, посветеност на мирот и напори за одржлив развој, велат од ВРЕДИ.
– По месеци на тензии и жртви, 2 мај стана симбол на истрајност и решителност да се живее со достоинство во сопствената земја за секој жител без никаква разлика во етничка или верска припадност. На овој ден се организираат комеморативни активности, народни собири и оддавање почит на оние кои се жртвуваа за слободата и иднината на оваа земја. За многумина, 2 мај не е само историски настан, туку и момент на размислување и единство.
Датумот 2 мај е повеќе од годишнина, тој е наследство. Тоа е денот што ги потсетува помладите генерации на пролеаната крв, на мајките што ги дадоа своите синови за еднаквост и правда, на мачениците што ги оставија зад себе своите имиња напишани на плочите на вечноста.
Денес е ден кога болката се претвора во сила, а сеќавањето во обврска никогаш да не се заборави. Ова подрачје останува местото каде што зборува историјата и каде што 2 мај продолжува да биде важен датум за сите Албанци од Северна Македонија, како и за сите Албанци каде и да живеат, се вели во соопштението од ВРЕДИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
