Триесетина од повредените во хоророт во „Пулс” на рехабилитација во болницата во Кочани
Во Кочанската болница во тек е процесот на рехабилитација на дел од повредените во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, кој избувна на 16. Март и однесе 62 животи.
– „Даваме третмани на три категории пациенти, тоа се младите со нагмечувања со повреди на мускулите, со изгореници и со потешкотии при дишењето, сите настанати од пожарот во дискотеката. Тие се распоредени на Одделенијата за неврологија, на специјално подготвена сала со реквизити и на Оддел на хирургија. Со нив работат физиотерапевти и тројца доктори физијатри. Нивната здравствена состојба е стабилна“, вели Кристина Серафимова, директорка на Општата болница Кочани.
Сите пациенти кои ќе се враќаат од лекување ќе бидат примени, а во функција е ставена и хипербарната комора, која е добиена како донација со помош на иницијативата „Супорт Кочани“.
– „Хипербаричната кислородна терапија преку концентрираниот кислород под зголемен притисок, во хипербарната капсула, овозможува кислородот преку кожата да навлегува во ткивото, а од друга страна преку зголемениот притисок во кој се самите пациенти, овозможува чистиот кислород да навлегува поинтензивно во крвта и на тој начин комплетно да ја менува концентрацијата на кислород во телото. Еден час во хипербарична комора заменува 7-10 дена престој на планина на височина од 1.500 до 2.000 метри“, рече Серафимова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…