Таравари се ракуваше со Мицкоски, но не со поранешните политички партнери
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска беше на ист настан со своите поранешни партнери од коалицијата Вреди, лидерите Изет Меџити, Билал Касами и Фатмир Лимани и премиерот Христијан Мицкоски, откако беше исклучен од владината коалиција поради контакти со ДУИ.
Тие беа дел од официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар кој е дел од Коридорот 8, но како што јавува Телма, тој се поздравил само со премиерот Мицкоски, но не и со своите поранешни политички партнери.
После празничниот викенд Таравари треба да се сретне со Мицкоски кој треба да одлучи дали тој ќе остане дел од владата, за која премиерот тврди дека е стабилна.
За разлика од денеска, Таравари вчера беше на настан во Слупчане каде беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и се поздрави со него.
На настанот вицепремиерот Изет Меџити порача дека тие како Влада не снимаат рекламни спотови и дека за разлика од минатото кога ништо не се градело, сега се градела иднината.
-Градиме патишта за нашиот народ. Коридорот 8 е повеќе од пат. Тоа е европска артерија што ги поврзува Јадранот со Црното Море, го поврзува срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна: Македонија ја завршува својата делница и ја носи Европа на Балканот, а Балканот – во Европа – рече Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…