Објавено на:

Вучиќ: Нема да се кријам под маса ако Калас го покрене прашањето за Русија

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод доаѓањето на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во Белград изјави дека нема да се крие под маса кога таа повторно ќе инсистира да го осуди неговото патување во Москва на Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

„Таа доаѓа со малку поинаква агенда“, рече Вучиќ, додавајќи дека Калас бил единствениот на самитот на Европската политичка заедница во Тирана кој јавно го осудил неговото заминување во Русија. „Имав јасен разговор со неа и недвосмислено ја објаснив позицијата на Србија. Не се криев. Сигурен сум дека таа ќе го повтори тоа прашање и ќе инсистира на тоа, но јас нема да се кријам под маса од тоа, ниту ќе бегам од тоа. Тие имаат друга агенда, блокадите, опозицијата…“, нагласи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови руски напади ги нарушија интернет и…

Продолжуваат целенасочените руски напади врз клучните точки…

Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…

Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…

Русија нападна десет украински региони за една…

Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…

ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…

Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…