Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко! Апел да не се фаќаат и поместуваат пронајдени неексполодирани убојни средства, туку да се пријават

t

ДЗС: Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко што е безбедно отстранета – апел да не фаќаат и поместуваат пронајдените неексплодирани убојни средства туку едноставно да се пријави за нивната локација на 112

Денеска (29.05.2025 година) околу 12.00 часот е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС) во месноста Маала Лубарци кај с.Длабочица, Општина Крива Паланка. Конкретно, пронајдена е одбранбена рачна бомба, германско производство, од Втората светска војна и претставува сериозна опасност по животот на луѓето ако се активира и експлодира, а секако е опасна и за материјалните добра околу неа, во околината.

За нејзино безбедно отстранување е ангажиран искусниот пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, од Битола, којшто со помош на негов колега прво врши испитување да не се случи самоактивирање на неексплодираното опасно експлозивно средство. Потоа, одбранбената рачна бомба е безбедно подигната од локацијата на пронаоѓање и пренесена на безбедно место, од каде што потоа таквите НУС се носат во оптимално време, според термини и можности на уништување.

ДЗС апелира да се следат препораките, што и медиумите ги објавуваат, при вакви случаи, поточно да не се фаќаат и да не се поместуваат работите коишто ќе се пројадат во природата или во населени места и личат на неексплодирани убојни средства, туку едноставно да се пријави нивната локација веднаш на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) по што согласно оперативните стандардни процедури безбедно се отстранува опасноста од нив од ДЗС во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и други институции или служби согласно потребите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко! Апел…

ДЗС: Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко…

(Видео) Стојанче Ангелов влезе во ДЗС: Целосно…

По претходен договор со претседателот на Владата,…

(Фото+видео) Дојава за бомба за време на…

Дојава за бомба во спортскиот центар Јане…

ДЗС: Зголемен е бројот на издадени дозволи…

Според податоците на Државниот завод за статистика,…

Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро

Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д.…