„Се прашуваш каде живее човекот“, вели Жерновски по изјавата на Мицкоски дека сме меѓу најбрзорастечките економии во Европа
Според Евростат, последни сме во Европа по висина на минималната плата, односно последни по куповна моќ. Денеска имаме инфлација од 3,3%, која ги разорува платите, стандардот, растот…, вели поранешниот амбасадор и екс-градоначалник, Андреј Жерновски за вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на БДП.Жерновски не се согласува со Мицкоски, потенцирајќи дека животот во Македонија е неподносливо скап и народот има се помалку пари.
-Владините мерки за справување со дивеењето на цените не вродија со плод, нејверојатно поради што мерки не ни постојат. После сето ова, излегува премиерот и ти кажува дека сме станале новиот европски екомомски тигар… па се прашуваш „каде живее овој човек?!“, објави Жерновски.Од синоќешниот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во Хераклеја, Битола, премиерот и претседател на партијата ги потсети сопартијциите да не забегаат со власта, а граѓаните ги увери дека во иднина ќе се почустувува растот на економсијата.„Апелирам до сите наши функционери и членови – не заборавајте кои сте, од каде дојдовте и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да демонстрираме волја и да докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти како оние кои владееја со земјата во минатото.Владата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ја превзеде одговорноста во време кога економијата беше во криза кога граѓаните беа загрижени и разочарани, но денес со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ“, изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре…
Угледниот британски весник „Индипендент“ посвети поголем текст…