Мицкоски: Одлична вест, расте извозот, расте туризмот, растат инвестициите

t

Христијан Мицкоски вели дека растот на извозот во мај годинава е одлична вест за македонската економија и ќе значи повеќе пари за македонските граѓани.

– Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44 проценти во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Бележиме и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година, во периодот јануари-мај, македонскиот извоз порасна за 3,15 проценти во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1 процент, наведува Мицкоски во објава на Фејсбук.

Тој потенцира дека поголем извоз се повеќе пари за македонските граѓани. Посочува дека после месеци и години пад, има конечно раст за македонската економија.

– Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот…, богата Македонија е силна Македонија! Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!, наведува Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…