Мицкоски утрово не убедуваше дека се е под контрола, а сега се жали: Огнена стихија има секаде во Европа и нема авиони за гасење

t

Иако деновиве и официјално беше активиран европскиот механизам за заштита во обид да добие меѓународна помош за справување со пожарите, се чини малку може да се надеваме дека може да добиеме некаква помош. Пожари беснеат и во другите земји и мораме да се потпреме на сопствените сили, рече премиерот Христијан Мицкоски, според кого состојбата со пожарите во земјава е главно под контрола.

-Имајте предвид дека ваков тип на огнена стихија има насекаде во Европа, зборам во медитеранскиот дел, во Грција има жртви, огромни пожари, цели населби се зафатени, во Турција исто така има жртви и повредени. Така што во овој момент нема слободни воздухоплови кои што би биле дел од тој ЕУ-механизам, кој што би помогнал така што во моментот повеќе од 200-тини припадници на Армијата се на терен, полициските службеници ги возат оние специјални возила БТР и пиц-гауер и хермелини, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Но од СДСМ критикуваат и велат дека состојбата со пожарите и алармантна и дека власта е неспособна да се справи со нив. Наместо брза, координирана и силна реакција, се доцни со интервенцијата на терен, нема опрема ниту доволно лица кои ќе бидат вклучени во гасењето, велат од опозициската партија.

-Наместо брза и координирана реакција, гледаме катастрофална неспособност на власта со справувањето со пожарите. Се доцни со интервенции, нема доволно лица на терен, нема доволно пожарникари нема нови противпожарни возила. Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе бидеме најподготвени досега, тоа испадна само една голема лага, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ.

За поефикасно справување со пожарите Владата објави оглас за вработување на лица кои би учествувале во гасењето на пожарот. На овој оглас се пријавиле околу 500 лица, но рокот за пријавување ќе продолжен бидејќи еден од условите беше лицата да бидат активни баратели на работа, а голем дел од пријавените лица веќе биле вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…

Мицкоски ги отвори првите 20 километри од…

Премиерот вели дека следната година ќе биде…

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…