Објавено на:

Путин: Евентуални странски трупи во Украина би биле легитимна цел на Русија

t

Русија ќе ги смета сите странски трупи што ќе се појават на територијата на Украина како легитимна цел за уништување, изјави претседателот Владимир Путин.

„Што се однесува до можните воени контингенти во Украина, ова е една од првичните причини за конфликтот – вклучувањето на Украина во НАТО. Затоа, ако таму се појават какви било странски трупи, особено сега додека траат непријателствата, претпоставуваме дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување“, предупреди рускиот шеф на државата. Тој нагласи дека доколку се постигнат договори за долгорочен мир, нема да има смисла присуството на контингенти на НАТО во Украина.

„Русија ќе ги почитува безбедносните гаранции што мора да се изготват и за Руската Федерација и за Украина. Доколку се постигне долгорочен мировен договор, Москва целосно ќе го спроведе“, нагласи Путин. Рускиот лидер додаде дека сè уште не се водени сериозни разговори за безбедносните гаранции со Русија. Кога станува збор за директни контакти со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Путин рече дека не гледа многу смисла во тоа, но дека Русија е подготвена доколку Киев предложи такви разговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Евентуални странски трупи во Украина би…

Русија ќе ги смета сите странски трупи…

Трамп: Ги изгубивме Русија и Индиja, препуштајќи…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД,…

Кремљ: Поканата на Путин до Зеленски е…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави на…

Трамп најави нови разговори со Путин во…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави…

Путин: Доколку се појават странски воени сили…

Русија ќе ги смета сите странски војски…