Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

t

„ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана.

Ова не е само формалност – ова е нов почеток! Здружението се создаде со една возвишена цел: да ги обедини сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност. Дојде времето да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и подобра иднина, информираше Елена Симонофски, претседателка на здружението.

-Здружението ќе ги штити и ќе ги промовира правата на македонското малцинство во Албанија. Ќе биде поддршка за активностите и иницијативите во насока на остварување на своите цели и поддршка на своите членови. Нашето мото е дека  заедно сме посилни, заедно сме Македонија, посочи Симонофски.

Симонофски чии родители потекнуваат од Церје, Општина Пустец, родена е во Корча, живее во Тирана, македонски активист, учесник и организатор на донаторски акции по повод празници за Македончињата во Пустец, Голо Брдо и Гора.

Освен оваа асоцијација на Македонците,  во Албанија постојат и друштвата „Илинден”, „Преспа”, „Сонце”, „Мир”, „МЕД” и „Прегор”, како и единствената партија Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ…

„ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците,…

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ –…

Албанија ќе го отвори Кластерот 4 на…

Трамп изјави дека ја решил војната меѓу…

За време на гостување на Fox News…

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и им го…

Денеска, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлог-законот…

Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…