Прашање до Мицкоски и Лукровски: Кој ви ги плаќа кафаните, кој ви ја полни касата – граѓаните на Карпош или тендерите за Онкологија?

t

Кој ви ги плаќа кафаните, кој ви ја полни касата – граѓаните на Карпош или тендерите за Онкологија? – прашуваат од ГРОМ во соопштение испратено до медиумите.

– Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош повеќе наликува на парада по кафани отколку на сериозна политичка понуда. Секојдневно гледаме ручеци, седенки и „мереклии“ дружби, но јавноста мора да праша: кој ги плаќа тие сметки и од каде доаѓаат парите за оваа скапа кампања?

Тендери наместо терапии

Додека пациентите на Онкологија очајно чекаат лекови што доцнат, фирмата „Алкалоид Конс“ во 2023 година добила тендери вредни 34 милиони евра, а годинава веќе надминала 40 милиони евра. Тоа се милиони што треба да бидат вложени во здравјето на граѓаните, во навремени терапии и во спасени животи.

Но наместо пациентите да добијат навремена терапија, јавноста гледа луксузни билборди, платени реклами и политички собири. Се поставува прашањето – дали дел од овие пари завршуваат во политичка каса и се претвораат во гориво за кампањата на кандидатот Сотир Лукровски, школскиот другар на Христијан Мицковски?

Онкологија без лекови – кампања со милиони

Докторите на Онкологија веќе предупредија за доцнење на терапии. Секој ден изгубен без потребниот лек значи загрозен живот. Додека граѓаните се борат со болест и неизвесност, политичките елити организираат изборни седенки и зборуваат за „нов почеток“.

Не може да има нов почеток со истите луѓе чии имиња се поврзуваат со тендери, недостиг на лекови и постојани скандали.

Мераклии за кафани – без визија за Карпош

Кандидатот кој деновите ги поминува по кафани, со чашка повеќе и со кругот на партиски пријатели, сака да ја води најнапредната општина во Македонија – Карпош. Но граѓаните не бараат мераклии за кафеански дружби, туку чесни луѓе што знаат да изградат училишта, градинки, паркови и спортски сали.

Додека Карпош со години решава реални проблеми и живее иднина што другите општини ќе ја чекаат уште една деценија, на граѓаните им се нуди кандидат чиј единствен „резултат“ е блискоста со шефот на ВМРО-ДПМНЕ и фирмите што учествуваат во најчувствителните тендери во здравството.

Изборот е јасен

Ова е избор помеѓу:
– Општина што гради, вложува и ја враќа довербата во институциите.
– Или општина што ќе ја водат оние кои мислат дека политиката е само алатка за тендери и полни сметки во кафани.

Карпош и неговите граѓани заслужуваат подобро. – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…