(Во живо) Пендаровски: Оваа Влада нема понуда, не нуди алтернатива за ЕУ, нема за што да дебатираме
Ако не е Европска унија, тогаш која е алтернативата, прашува денеска во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски.
– Последните десетина години српската политика ја нарекуваат мултивекторска. Србија има декларација за воена неутралност, а со Вучиќ се свртени не само кон Русија, ЕУ, БРИКС, туку и кон Катар, Саудиска Арабија. Кај нас што е алтернативата. Ако не се Бугари во Устав и ЕУ, тогаш зошто нема друга понуда.
Ајде нема Бугари во Устав, ти што нудиш? Тоа се случува и во економијата и во сите други сектори. ДУИ ја поклопило цела влада, не си во право но во ред, што нудиш ти, ВЛЕН?
Оваа Влада не нуди ништо, нема за што да дебатираме“, вели Пендаровски.
Според поранешниот претседател на македонската политичка елита ѝ недостига стратешко размислување.
– „Недостига стратешко размислување. Не може луѓето да ти ги кажат стратешките приоритети, ти треба да им ги кажеш ако си премиер, претседател“, вели Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…