Сиљановска за 11 Октомври: Да бидеме обединети и сплотени, ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание
Почитувани сограѓани,
Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание!
На денешниов голем празник, уште еднаш им оддаваме почит на оние кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на татковината и создавањето македонска држава на рамноправни граѓани.
Да потсетам: востаниците со крв ја остварија визијата на нивните претци за слободна и независна држава. Уште еднаш се потврди дека земањето на судбината во свои раце и застанувањето на страната на правдата, наспроти најголемото зло – фашизмот, е победнички чекор!
Отпорот и антифашистичката борба на македонскиот народ , во време кога многу поголеми и посилни народи се придружија кон оската на злото, или се дистанцираа од војната, се доказ дека слободата, правдата и еднаквоста се вткаени во нашата слободарска и револуционерна традиција како неразделен елемент на македонската ДНК.
Во драматичните денови на Втората светска војна, покажавме дека обединети и сплотени, без оглед на социјалната, етничката, верската, идеолошката или друга припадност, можеме да ги победиме силата и неправдата. Затоа, прославата на 11 Октомври, не е само потсетување на една славна епопеја, туку повик за нејзино продолжување со диjaлог во мир.
Живееме во тегобно време на војни и воени закани, срамни за 21 век. Битисуваме оптоварени со суштински проблеми во остварувањето на правото, правдата, хуманоста и солидарноста. Исправени сме пред нови предизвици, несвојствени за демократијата. Од нас се бараат илинденска и партизанска зрелост, мудрост и храброст во донесувањето клучни одлуки.
Повторно мора да бидеме обединети и сплотени, ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме од оние кои тргнаа во востанички марш, водени од јасна визија, спремни за жртвување во ослободителната мисија!
Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска: Нашите евроинтеграции се како „чекајќи го…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа предавање на Светскиот…
Кос: Очекуваме уставните промени во Северна Македонија…
Северна Македонија се обврза да го промени…
За една недела над 40 лица лишени…
Во рамки на тековните оперативни активности од…
Македонија воведува методологија за енергетска сиромаштија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…
„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“…
Обвинителството го објави записникот од испитувањето на…