Директорот на „Комунална хигиена“ поднесе оставка
За време на распитот во Кривичниот суд, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми поднел оставка од челната позиција.
– Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното претпријатие Комунална хигиена. Тоа е еден морален чин од страна на сега веќе осомничениот, веќе поранешен директор Рустеми кој што не сака јавноста да мисли дека ќе ја попречува истрагата на кој било начин. Тоа е чин кој што ќе овозможи непречено водење на истрагата со цел да докажеме дека директорот нема никаква поврзаност со делото, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел, ниту ќе попречи какво било водење на истрагата, вели адвокатот.
Тој е длабоко убеден дека ќе докажат дека тоа што им се става на товар на двајцата обвинети нема никаква поврзаност.
– Станува збор за ретко кривично дело, кое не толку често се појавува во нашиот кривично-правен систем. Станува збор за членот 230 од Кривичниот законик кој со измените од 2023 година добива еден поголем опсег – додава Алиспахиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Покажа професионалност и посветеност“: ВЛЕН му се…
По повод оставката на Арбен Фетаи од…
Дури 67 отсто од Германците очекуваат канцеларот…
Расположението на граѓаните во Германија е на…
Дејли Меил: Стармер донел одлука да си…
Британскиот премиер Кир Стармер ќе ја напушти…
Даниловски за хантавирусот: Не може да „скокне“…
Докторот Драган Даниловски преку социјалните мрежи вели…
Ленче Ристоска повеќе не е обвинител: Советот…
Советот на јавните обвинители на денешната седница…