Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата – напротив, силно сме пофалени од нив
Министерот Трипуновски посочи дека набргу ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.
Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Она што веднаш по сознанието односно акцијата која што ја спроведе Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, преземени се дополнителни активности со цел да се провери работењето на самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Ќе се преземат одредени активности во делот на контролните механизми, во делот на исплатата на ИПАРД средствата“, појасни министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека набргу ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.
„Ние како држава сме решени да ја спроведеме борбата против корупцијата“, нагласи тој.
Денеска, поранешниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски од СДСМ, на прес конференција тврдеше дека ИПАРД 3 програмата е суспендирана и дека исплатите кон земјоделците се во целосен прекин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на…
Министерот Трипуновски посочи дека набргу ќе има…
Николовски: ИПАРД програмата стопирана, власта молчи –…
На денешната прес-конференција сакам да ја информирам…
(Видео) Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот…
Големиот корупциски скандал во ИПАРД Агенцијата добива…
Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата
Случајот со земањето мито од страна на…
Николовски по вчерашната акција на ОЈО ГОКК:…
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,…