Американски компании го напуштаат ТИРЗ – Мицкоски најавува нов бран инвестиции
По најавите дека американските компании „Аптив“ и „Дура“, кои работат во индустриската зона „Бунарџик“ во Скопје, планираат да го напуштат македонскиот пазар, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема простор за загриженост.
„Ќе има компании, и домашни и странски, што ќе се отвораат, ќе има и такви што ќе се затвораат.Тоа не треба да се сфаќа како крај на светот“, рече Мицкоски при посетата на компанијата „Костал“ во Охрид.
Владата најавува нов бран странски инвестиции и потенцира дека Македонија е една од најконкурентните земји во Европа. До крајот на годината се очекува четири до пет нови компании да потпишат договори за отворање капацитети, со што би се отвориле околу илјада работни места.
„Би рекол дека сме едни од најконкурентните во Европа, и тоа го покажуваме и со бројки и со дела“, додаде премиерот.
Компанијата „Костал“ најави нов инвестициски циклус во 2026 година, вреден 30 милиони евра, со отворање на 200 нови работни места.
Управителот на „Костал“, Виктор Мизо, истакна дека заминувањето на одредени компаниине значи дека нема да има нови инвестиции.
„Тоа се интерни одлуки на тие компании. Европската индустрија е во стагнација, но ќе има победници и компании што нема да се снајдат. Ние продолжуваме со инвестирање, што значи дека сме донеле правилна одлука да се развиваме во Македонија“, рече Мизо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски компании го напуштаат ТИРЗ – Мицкоски…
По најавите дека американските компании „Аптив“ и…
Сега ќе видите бетонизација: Предвидена изградба на…
Бројот на одобренијата за градење во септември…
Хелсиншкиот комитет со поддршка за саботниот „Марш…
Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека…
Коцевски: Во предметот за пожарот „Пулс“ ќе…
Истрагата за полициските службеници, во врска со…
Трагедија во Македонија: Убиен човек за време…
На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР…