Мицкоски: Син ми е храбро момче, не е точно дека бил хоспитализиран во тешка состојба

t

Синот на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше меѓу учениците што се затруја во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, е стабилен и не бил хоспитализиран, иако имал симптоми како и останатите деца.

„Антониј беше во групата дечиња. Не е хоспитализиран и не е во тешка состојба. Му беше лошо исто како и на другите дечиња. Три дена примаше инфузија, не одеше на училиште, но тој е храбро момче. Во жарот на таа дружба, дечињата консумирале иста храна. Оставам на институциите – да почекаме да видиме што ќе покажат резултатите, да не даваме суд. Подобар е и се надевам дека од понеделник ќе се врати со другарчињата“, изјави премиерот.

Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски, Антониј, беше еден од затруените ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае во општината Карпош.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), заедно со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведоа вонредни контроли по што ја затворија кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…