Одбраната на екс-градоначалникот Илиев: „Нема докази, немал контакт со „Пулс“ – Обвинителството го тера сам да докажува невиност“

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Бранители на Николчо Илиев:

Одбраната нема да се изјаснува за наводите на ЈО во обвинителниот акт, ниту во поглед на доказите, а нема да се ијзаснува ниту во поглед на наводите во ревидираниот акт. Истакнувам дека и кога би имала право на вакво дејствие изјаснувањето би било невозможно бидејќи до денес ЈО ниту на обвинетиот, одбраната, судот и јавноста не кажува врз основа на кои докази ги темели наводите во обвинението.

Се крши неговото основно право на правично судење, а ОЈО тешко ја повредува својата императивна обврска во обвинителниот акт да ги наведе доказите.

Со вакво постапување, целиот ЗКП е свртен на глава, наместо ЈО да ја докажува вината на Николчо Илиев, тој е принуден да ја докажува својата невиност.

Кон Илиев од непознати причини е спроведена нецелосна истрага, нема ниту еден релевантен факт поради кој истиот би бил обвинуван за ова или друго кривично дело што се води по службена должност. Постапката се води за пожар по три години и четири месеци од престанокот на неговиот мандат, незаконито и неправилно, иако никогаш не дошол до документ поврзан со правниот субјект во кој дојде до пожарот.

Никој никогаш за кабарето ПУлс не го известил или информирал за било што, немал контакт со сопственикот на објектот, сопствениците на правните субјекти кои г користеле објектот, и никој од нив не познава.

Никогаш не е поднесено до него како градоначалник или до Општина Кочани нешто во врска со овој објект.

Советот на О. Кочани никогаш не е известен за изменување, дополнување на урбанистичките планови за предметниот објект. Во ниту едно одделение, сектори, вработено лице во администрацијата на општина Кочани за време на мандатот на Илиев не е известен ниту писмено ниту усмено за било што во врска со предметниот објект, неговиот сопственик, правните лица кои го користеле.

Никаков контакт во поглед на овој објект немал кога бил градоначалник, пред да стане градоначалник и подоцна откако му престанала функцијата градоначалник се до 16.03.2025 со сообвинетите Ратко Димитровски и Љупчо Папазпв.

Обвинетиот ниту еден државен одгран не го известил за било што во врска со правниот субјект за кабарето Пулс, никаков контакт немал со сообвинетите лица пред да биде градоначалник, за време на функцијата и по престанокот.

За целиот период на неговиот мандат не еводена никаква постапка за било каква грешка во работењето, напротив Ревизорски извептај од ДЗР покажува успешна работа на Општината во тој период. Поради пандемијата од Ковид угостителските објекти во определен период, нешто помалку од половинамандат, не се работеле и нивната контрола ила исклучиво во Владата.

Се ова ќе биде докажано во расправата што следи, обвинетиот ќе докаже дека постапувал според неговите овластувања и согалсно закон.

Од листата на докази која одбраната ја достави до судот, ќе докажеме дека кај Николчо Илиев не постои никаква вина за пожарот во дискотеката Пулс.

Несомнено ќе докажеме дека одредбата од чл 288 ст.2 од КЗ, не се однесува ниту може да се однесува на обвинетиот Николчо Илиев, градоначалник на Кочани во поглед на пожарот предизвикан во кабарето Пулс на 16.03.2025 година.

Обвинетиот Илиев не повредил ниту една императивна норма при вршење на неговата службена должност додека ја вршел функцијата градоначалник. Вакви факти исклучуваат и ќе бидат несомнено докажани, секаква можност за било какво заедничко делување со било кого, за непостоење на соизвршителство со било кого. Одбраната ќе докаже непостоење на намера да се стори делото, непостоење на договор да се стори делото и причинско-последична врска со дејствијата на Илиев и пожарот на 16.03.2025 година.

Во страшниот настан ан 16.03 загубени се човечки животи на роднини на Илиев, на негови враотени, на пријатели. Сега, обвинетиот Николчо Илиев на семејствата на починатите сограѓани им изразува сочувство, на повредените мисла за побрзо закрепнување и оздравување.

На родителите, на Кочани, на сите ни е правда на случајот, но не е потребно нови невини жртви кои произлегуваат од ова обвинение без ниту еден доказ. Одбраната го повикува ОЈО да го повлече обвинението, наведе одбраната.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбраната на екс-градоначалникот Илиев: „Нема докази, немал…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Екс градоначалникот на Кочани, Димитриовски: Единствено јас…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

(Видео) Родителите со транспарент пред судницата во…

Денеска продолжи судењето за трагедијата во кочанската…

По трагедијата бев во болница, ме викнаа…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

„Не може овластен градежен инспектор со неизвршен…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…