Со детето в раце бегав од Глутница кучиња, со страв излегуваме од дома оти напаѓаат, вели жителка на скопски Карпош 4
Глутница кучиња напаѓаат луѓе во скопската населба Карпош 4, велат жители на населбата кои се јавија во нашата редакција. Тие велат дека секојдневно излегуваат од дома со страв и несигурност бидејќи кучињата се агресивни. Објаснуваат дека проблемот постои од летово, кога одеднаш глутница кучиња се појавиле во нивната населба.
„Нашите претпоставки се дека кучињата се донесени од негде, бидејќи со години живееме во ова маало и овие кучиња не биле тука. Агресивни се, средината не им е позната и постојано лаат и трчаат по луѓе. Јас сум љубител на животни, чувам куче, но оваа ситуација ја загрозува нашата безбедност. Не можам да излезам од дома да го шетам моето куче бидејќи нè напаѓаат. Минатата недела излегов со кучето и 4-годишна внука на прошетка во паркот пред зграда. Глутницата кучиња почна да трча кон нас, со детето и кучето в раце бегав кон влезот на зградата за да не бидеме нападнати“, вели жителка на населбата Карпош 4.
Жителите велат дека поднеле неколку пријави до ЈП „Лајка“ и Општина Карпош, но со месеци нема никаква реакција.
„Бараме строга, брза и прецизна акција во рамките на вашите законски надлежности. Овој проблем е од јавен интерес и бара итна интервенција за хумано отстранување на глутницата од улиците и нејзино соодветно третирање“, велат граѓаните кои се обратија во САКАМДАКАЖАМ.МК.
Директорката на ЈП „Лајка“ Радмила Пешева вели дека се запознаени со овој проблем, дека еднаш реагирале, но кучињата се размножиле и од технички причини не можеле сите да ги заловат.
„Тоа се диви кучиња, не се од градска средина и многу потешко оди нивното заловување. Дури, баравме помош и од приватни ветеринарни служби да ни помогнат и заловивме 8 кучиња. Но, се размножија и затоа сега повторно се агресивни. Периодов имавме проблеми, не можевме да излеземе повторно на терен, но веднаш ќе ги преземе сите мерки за да ја разбиеме глутницата, која е опасна за жителите“, вели Пешева.
Извор: СДК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…