Почна групното гушење: СКОПЈЕ ВТОР НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО ЕВРОПА, МЕСТО ЧАРЕ ДОБИВМЕ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОЛИЧИНАТА НА ОТРОВИ
Стартува сезоната на магла полна со отровни честички. Скопје, според „Ај-кју ер“, се најде на второ место на најзагадени градови во Европа, а вчера беше на 26. место по загаденост во светот. Слична е состојбата и во другите градови низ државата – Струмица, Кичево, Битола, Тетово, Куманово, Велес беа, исто така, како гасни комори. И додека здравствените власти апелираат до граѓаните, особено до ранливите категории (деца, повозрасни лица, хронично болни и бремени жени), поголем дел од денот да го поминуваат во затворени простории, по можност со прочистувачи на воздух и да избегнуваат подолг престој на отворено, Министерството за екологија место решение, извести дека подготвиле нова веб-страница, на која може да се пристапи преку постојната адреса https://air.moepp.gov.mk и, како и досега, може да се гледаат во реално време концентрациите на загадувачките честички и супстанции во воздухот што ги покажуваат мерните станици низ државата.
Магла полна со отровни честички и други супстанции ги затекна скопјани утрово. Оваа ситуација е честа појава во зимските месеци, особено во периодите кога се случуваат температурни инверзии, што предизвикува магла да ја покрие Скопската Котлина, а честички од штетни материи да се акумулираат под него.
Лош беше воздухот и во Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Велес, Кичево, па дури и во Охрид и речиси да нема мерна станица во државава која го мери квалитетот на амбиенталниот воздух, а да не свети црвено.
Швајцарската апликација „Ај-кју ер“ (IQAir) го рангираше Скопје на второ место во Европа (по Сараево) и на 26. место во светот, според индексот на загаденост на воздухот 154, вбројувајќи го во категоријата „нездрав“. И Државниот мониторинг систем го оцени воздухот во Скопје како „многу лош“. Според утринските мерења вчера, највисоки концентрации на загадувачки честички во главниот град беа измерени во реонот кај Млечен ресторан и во населбата Острово, додека зголемени вредности беа регистрирани и во Центар и Чаир, а екстремно високи во Ново Лисиче. Концентрациите на ПМ10 беа над 180, а на ПМ2,5 над 120 микрограми на м3, во Карпош ПМ10 беа над 150, а на ПМ2,5 над 120 микрограми. Во Лисиче, во текот на ноќта, ПМ10 биле над 300 микрограми, а вчераутро над 130.
Сепак, Скопје не беше најзагадениот град во Македонија. Струмица се најде на врвот со индекс на загадување 226. Во Битола, ПМ10 се искачија над 120, а ПМ2,5 над 100, во Велес над 140 и над 110, а во Кичево биле речиси 300, а ПМ2,5 над 270 микрограми на м3. Многу лош воздух се дишеше и во Тетово, каде што ПМ2,5 беа над 130, а во Куманово над 110.
Според податоците од новиот портал на Државниот мониторинг на воздухот, од 17 денови во декември, мерните места во Струмица, Кичево и Лисиче регистрирале 13 надминувања на максималните вредности на ПМ10 честички. Во Центар, во Скопје и во Гостивар било загадено 12 дена, а кај Ректорат, Кавадарци и Велес, 11 дена во овој месец. Инаку, на новата веб-страница може да се пристапи преку постојната адреса https://air.moepp.gov.mk и како и досега, може да се гледаат во реално време.
Здравствените власти апелираат до граѓаните, особено до ранливите категории (деца, повозрасни лица, хронично болни и бремени жени), поголем дел од денот да го поминуваат во затворени простории, по можност со прочистувачи на воздух и да избегнуваат подолг престој на отворено.
Ваквата состојба со високи концентрации на суспендирани честички кои се ризик по здравјето на луѓето, се повторува секоја година во зимскиот период. И секоја година надлежните институции најавуваат мерки, програми и проекти за почист воздух. Лани, во истиот период, Министерството за животна средина презентираше шестгодишна програма со план како да го исчисти воздухот до 2030 година. На јавноста ѝ беше презентирана и анализа на причинителите на аерозагадувањето, како и анализа на проектите за решавање на дел од проблемот во урбаните средини со степен на реализација, финансиска и временска рамка, надлежни институции… Дури и за секој проект беше речено дека е дополнително разработен со план на активности, буџет, извори на финансирање, имплементација во соработка со надлежната институција.
Во програмскиот пакет се опфатени главните области што влијаат на квалитетот на воздухот, а тоа се: енергетиката, индустријата, транспортот, земјоделството, шумарството итн. Програмскиот пакет опфаќа и мерки за намалување на емисијата на честички од домашните ложишта, како и од јавните објекти, од индустриските процеси и од возилата и насоки како да се управува со таквите емисии. Направена е и анализа на причинителите на аерозагадувањето, како и анализа на проектите за решавање на дел од проблемот во урбаните средини со степен на реализација, финансиска и временска рамка, надлежни институции.
Пет општини во земјата – Струмица, Гостивар, Струга, Кавадарци и Куманово – подготвија локални планови за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, во согласност со европските барања и локалните потреби. Овие документи се клучни за утврдување на главните извори на загадување и дефинирање на мерки за нивно намалување.
Изминатава година, Центарот за климатски промени работеше на изработка и на ажурирање на плановите во соработка со општините. Во Струмица, процесот започна од нула, со целосен инвентар на емисии и анализа на ризиците по здравјето, додека во Гостивар, Струга, Кавадарци и Куманово беа ревидирани постојните планови за да ги одразат актуелните состојби и потреби.
Плановите содржат конкретни мерки – од намалување на емисиите од сообраќај и индивидуално греење, до зголемување на зелените површини, енергетска ефикасност, инспекциски надзор и активности за поголемо вклучување на граѓаните. За секоја мерка се утврдени индикатори, чекори за реализација и временска рамка. Имплементацијата веќе започна: во секоја општина е избрана и финансирана по една мерка предложена од граѓаните, во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ имплементиран од УНДП.
Извор: Вечер Прес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почна групното гушење: СКОПЈЕ ВТОР НАЈЗАГАДЕН ГРАД…
Стартува сезоната на магла полна со отровни…
Сиљановска – Давкова очекува поповолна бизнис-клима во…
Стабилен раст и подобар стандард за граѓаните,…
Путин: Западот ја распарчи Југославија и Србите
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…
Бугарскиот парламент го усвои законот за продолжување…
Со 149 гласа „за“, 38 „против“ и…
Маж во Скопје пробал да се самоубие…
Од МВР известуваат дека денеска бил пронајден…