Зеленски: Благодарам ЕУ, Украина доби гаранција за финансиска безбедност за наредната година
Важно е руските средства да останат замрзнати и Украина да добие гаранција за финансиска безбедност за наредната година, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.
„Им се заблагодарувам на сите лидери на Европската Унија за одлуката на Европскиот совет да обезбеди финансиска поддршка за Украина од 90 милијарди евра во периодот 2026-2027 година. Ова е значајна поддршка што навистина ја зајакнува нашата отпорност“, рече Зеленски на Телеграм.
Тој се заблагодари за резултатот и за единството што ја штити иднината на европскиот континент, пренесува Укринформ.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласи дека Украина ќе го врати заемот што го обезбеди Европската Унија само откако Русија ќе плати репарации.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ рано утрово се согласија дека ќе ѝ обезбедат на Украина заем од 90 милијарди евра за следните две години, кој ќе биде гарантиран од европскиот буџет, без користење на руски замрзнати средства.
Во заклучоците од Самитот, лидерите се согласија дека Унгарија, Словачка и Чешка ќе бидат ослободени од каква било обврска поврзана со заемот преку механизмот за „засилена соработка“, пренесува Танјуг.
„Секоја мобилизација на средства од буџетот на Европската Унија како гаранција за овој заем нема да влијае на финансиските обврски на Чешка, Унгарија и Словачка“, се наведува во соопштението, кое беше одобрено од сите 27 земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…