Објавено на:

Македонските ракометари денеска ќе се соочат со Португалија

t

По стартниот и очекуван пораз од фаворитот Данска, македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар од Европското првенство. Противник ни е Португалија, репрезентација која во првото коло ја совлада Романија. Фаворитската улога ја има Португалија која на последните големи натпреварувања постигнува добри резултати, а на последниот европски шампионат беше пласирана на седмото место, додека во 2020 година го освои шестото место што е нивни најдобар резултат на првенствата.

И за двете репрезентации ова е деветто европско првенство, а македонската најдобриот пласман во постигна 2012 година со освојувањето на петтото место.

–  Ќе се потрудиме да одиграме подобро од првиот натпревар и секако да им го „расипеме“ планот дека ќе се борат за медал, изјави селекторот Кирил Лазаров.

Овие две репрезентации имаат одиграно десет меѓусебни дуели и сите во квалификации за Европско првенство, а ова ќе биде прв натпревар на големо натпреварување. Последните два натпревара ги доби Португалија кои беа одиграни во март 2023 година. Но, македонските ракометари имаат остварено триумфи против Португалија, кои значеле и пласман на големи натпреварувања, а елиминација на противникот.

Се очекува и на денешниот натпревар македонските навивачи да бидат поддршка за македонскиот национален тим.

Со евентуален триумф шансите за пласман во следната рунда ќе бидат поголеми, но ќе мора да се совлада во последното коло од групата и селекцијата на Романија. Македонските ракометари во текот на вчерашниот ден немаа тренинг за „свежи“ да го дочекаат натпреварот.

–  Натпреварот со Данска е веќе минато за нас и се подготвуваме за дуелот со Португалија, нашиот најважен натпревар на Европското првенство. Имавме некои проблеми во нападот на првиот натпревар, кои треба да се коригираат и верувам дека тоа ќе го направиме. Ние сме подготвени да ги израдуваме македонските навивачи и јавноста, изјави десното крило Никола Костески.

Натпреварот во Хернинг почнува во 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…

На 14.01.2026 во 23:30 часот  во с.Романовце, кумановско,…

Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…

На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…

Грипот во Македонија ја зеде првата жртва…

На Инфективната клиника во Скопје почина 75…

Два авиони со млади луѓе еднаш неделно…

Станавме главен и одговорен дистрибутер на човечки…

Никој не е виновен за смртта на…

Судската постапка за трагичната несреќа во рудникот…