Побаран притвор за кумановец кој во автомобилот имал куфер со 5 килограми марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу пет килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот, соопшти денеска ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европските берзи во минус: Падот на цената…
Европските индекси денес се претежно во минус,…
Во кампот за мигранти на север во…
Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во…
Ако одите во Грција погледнете го распоредот:…
Возачите од Македонија кои вечерва патуваат кон…
(Фото) Украина ѝ врачи орден од прв…
Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби…
(Видео) Украински дронови трета ноќ по ред…
Во масовен бран напади со украински беспилотни…