(Видео) Мицкоски и Тошковски во увид на запленетата марихуана
Премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беа во увид на местото каде се чува запленетата марихуана.
„Имаме прилика да ги видиме овие конфискувани, првично одземени 40 тони марихуана, кои беа одземни во првичната фаза од истрагата која што е спроведена. Станува збор за марихуана која што од страна на комисијата на Министерството за здравство е констатирано дека е произведена, чувана и складирана надвор од утврдените протоколи“, изјави Тошковски.
Запленетата е привримено складирана во простории на Министерството за внатрешни работи, со цел да биде искористена во доказната постапка. Тошковски изјави дека продолжуваат понатаму во истрагата.
„За жал последиците на негрижа од минатото, денеска предизвикуваат огромни последици“, кажа министерот за внатрешни работи.
„Ова што зад мене може да го забележите е дел од запленетиот цвет од канабис, нешто кое што претставува резултат на погрешни политики, од едно време кое не сакаме да се повторат. Очекувам на денешната седница на Влада да се донесе одлука за формирање за тим кој што ќе го испита работењето кои правни субјекти работеле легално, а кои не. Нема компромис со неправдата и безаконието. Никој не е над законот и Министерството за внатрешни работи со сиот свој капацитето ќе се справи со секој предизвик“, изјави Премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски испрати порака до сите кои одлучиле дека криминалот е исплатлива работа, дека криминалот не се исплаќа, и дека ќе бидат најдени и жестоко казнети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…