Директорот на болницата во Чачак поднесе оставка по смртта на 4-годишното девојче

t

Министерството за здравство ја прифати оставката на д-р Дејан Дабиќ, в.д. директор на Општата болница Чачак по смртта на 4-годишното девојче кое пред два дена почина по рутинска операција на крајници, пренесуваат српските медиуми.

„Надворешниот стручен надзор на работата во акушерската болница Чачак е во тек, по наредба на Министерството за здравство, со што ќе се провери квалитетот на стручната работа, односно постапувањето на лекарите во дадена ситуација“, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека надворешниот стручен надзор го вршат еминентни доктори-професори од терцијарни здравствени установи од областа чија работа се проверува.

Сите резултати од надзорот и инспекциската работа во акушерската болница Чачак ќе бидат транспарентно достапни за семејството на починатото девојче, како и за пошироката јавност, додаваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Покажа професионалност и посветеност“: ВЛЕН му се…

По повод оставката на Арбен Фетаи од…

Дури 67 отсто од Германците очекуваат канцеларот…

Расположението на граѓаните во Германија е на…

Дејли Меил: Стармер донел одлука да си…

Британскиот премиер Кир Стармер ќе ја напушти…

Ленче Ристоска повеќе не е обвинител: Советот…

Советот на јавните обвинители на денешната седница…

Советот на јавни обвинители утре ќе ја…

Денеска е последниот работен ден на Ленче…