Објавено на:

Мистерија во кумановско: Сестра пријавила сомнеж дека брат и бил отруен, полицијата истражува!

t

Шеесетгодишен жител на кумановското село Довезенце бил пронајден мртов во својот дом на последниот ден од минатата година, а неговото семејство изразило сомнеж дека смртта можеби не била природна.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 5 март во СВР Куманово 50-годишната Д, објави e од селото Довезенце пријавила сомнеж во врска со смртта на нејзиниот брат М.П. (60).

Според нејзината пријава, на 31 декември 2025 година околу 22 часот една од нејзините сестри ја известила дека нивниот брат починал во куќата во која живеел во селото. Тој живеел заедно со својот татко и со партнерката А.Р. од селото Младо Нагоричане, во општина Старо Нагоричане.

По добиената информација, пријавителката заедно со уште една сестра и зет заминале во куќата, каде што го затекнале М.П. починат на кревет.

Во пријавата се наведува дека истиот ден околу 20:30 часот од телефонот на починатиот била повикана Итна медицинска помош, чии екипи констатирале смрт, додека неговата партнерка А.Р., на која ѝ се слошило, била пренесена во болница.

Сепак, според наводите во пријавата, од Итната медицинска помош не било пријавено починато лице во полиција, а потврдата за смрт не била издадена истиот ден кога била констатирана смртта, туку наредниот ден, на 1 јануари 2026 година, по инсистирање на сестрата.

Сестрата во пријавата навела дека се сомнева дека нејзиниот брат можеби бил отруен, а не дека починал од природна смрт.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистерија во кумановско: Сестра пријавила сомнеж дека…

Шеесетгодишен жител на кумановското село Довезенце бил…

Катарскиот министер за енергетика: Барел нафта ќе…

Министерот за енергетика на Катар, Саад ал-Каби,…

Возачите во Македонија добиваат ново правило: забраната…

Воведена е нова процедура за извршување на…

Брент достигна 90 долари, војната на Блискиот…

Фјучерсите на нафтата „брент“ достигнаа 90 долари…

Димитриеска-Кочоска: Нема место за паника, нафтени деривати…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска упати…